Волонтирајте!

Во најширока смисла зборот волонтер значит доброволно да придонесвиш за заедницата (во случајов за Охрид најпојќе) без за то да бидиш платен. На пример, ак си волонтер мојш да помогниш во организирање на некој добротворен настан, да бидиш ангажиран во организација која им помага на животнине, активно да партиципираш во акција за прибервење облека за бездомници, да помогниш во реализирање на спортски активности во општинава, граѓански организации и други непрофитни институции итн. Додатно, сето ова требит да го прајш доброволно, на своја лична воља, без за то да очеквиш било каков надоместок.

Согласно закон, терминот волонтер означува лице кое ги дава своите лични услуги, знаење и вештини, во корист на други лица, организации или институции, доброволно и без надоместок.

Охрид Треил барат волонтери кој шо пред се биле во минатоно волонтери на една или појќе трки по планиниве шо ги организирал Трекс или Охрид ТрчаТ. Најпојќе ќе ни значит ак имате планинарско искуство и аку знајте да се снајдвите во природа и аку знајте англиски. Помалу ќе ни значит ак зборвите или разбирате Охридски. Во секој случај, да не прајме муабет за то дека морат да сте љубазни, насмејани и да мојте да им се најдвите за било шо на организаторите и тркачите низ беспаќено на Галичица. Зејте пример од Охриѓани – да сте волонтер на Охрид Треил со сигурност ве прајт Охриѓанец на ден-два.

Ипак, дан’не бидит ништо за без платно, секој волонтер ќе добиjат смештај за два дена, подарок од организаторот, ланч пакет за време на трката и можност за фантастичен и незаборавен викенд во најубото место на Балканов.

Пополни го формуларов и очекви да ти се јавит некој чоек од к’ј организаторон … и да научите да зборвите охридски ко ќе дојте.

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВОЛОНТЕР