Потребна опрема и облека

Подолу е листата на задолжителна и препорачана техничка опрема и облека која е потребна за да учествувате на Охрид треил 60к и Охрид треил 35к. Списокот ги содржи минималните потребни технички спецификации за секоја ставка и причините поради кои опремата е задолжителна.

Еден од главните услови за да се пријавите на трката е токму поседувањето на задолжителната опрема и облека која е наведена во листата за овие трки. Сите учесници – без исклучок – означената опрема и облека како “задолжителна” мора да ја поседуваат цело време на трката:

  • Тркачите мора да бидат облечени или да ја носат задолжителната опрема и облека во нивниот ранец.
  • Ќе има планирани и непланирани проверки на задолжителна облека и опрема на било која точка во текот на трките, од почеток до крај.
  • Како што е наведено во правилата и прописите на трката, оној /онаа што нема да ја носи или поседува задолжителната опрема за време на трката, веднаш се дисквалификува.
  • Кога купувате облека и опрема ви препорачуваме тоа да го правите во специјализирани спортски продавници кои имаат соодветно обучен персонал за треил ранинг опрема.

🔴 ЗАДОЛЖИТЕЛНО

🔵 ПРЕПОРАЧАНО

Внимание! Во зависност од временската прогноза, Организаторот го задржува правото да ја смени препорачаната опрема во задолжителна.

Опрема и облека60к35к
Мобилен телефон со полна батерија и активиран роаминг
Задолжително во сите трки.

Телефонот треба да се вклучи од почетокот на трката, со активен роаминг, звук со максимален волумен, целосно наполнета батерија и совршена работна состојба на уредот за да ја издржат целата трка.

Зошто е потребно / препорачано?
Мобилниот телефон му овозможува на учесникот да прими но и да упати итни повици до Организаторот (телефонскиот број го има на стартниот број).
Покрај тоа, учесниците на трките ќе бидат во можност да испратат информации за гео-локализација преку апликацијата но и СОС повик до Службата за спасување.
Затоа, телефонот мора да биде активен за време на целата трка. Од суштинско значење е да се чува батеријата, избегнувајте непотребни повици или испраќање на податоци, освен во итен случај. Функциите кои бараат висока потрошувачка на батеријата, како што се Bluetooth или WiFi, треба да бидат неактивни.
Причината зошто роаминг услугите мора да бидат активни е поради фактот што дел од трката е во непосредна близината на соседна Р.Албанија и на некои делови од трката може подобро да се услужите со албанската телефонска мрежа, отколку со македонската.

🔴

🔴

Астро фолија
Задолжително во сите трки.

Астро фолијата е направена од тенка пластика, рефлектирачка сребрена боја од едната страна и златна од друга страна. Нивниот дизајн ја намалува загубата на топлина или ја зголемува во зависност од тоа како се поставува за да се покрие лицето кое има потреба.
Минималната површина мора да биде 1,4 м x 2,0 м.

Зошто е потребно / препорачано?
Астро фолијата главно се користат за покривање повредени лица додека чекаат за помош, но исто така може да се користат за да се испрати сигнал на тимот за спасување на воздухопловот или едноставно како заштита од ветер и дожд.
Начинот на кој треба да се користи за покривање на повреденото лице зависи од ситуацијата:
За да се задржи топлината: ставете ја сребрената страна во контакт со телото и златната страна свртена кон надвор. Тоа е корисно во случај на хипотермија, повреда или во оној момент кога сте изложени на студ ...
За да се намали температурата: ставете ја златната страна во контакт со телото и сребрената страна свртена кон надвор. Тоа е корисно во случај на треска, топлотен удар или во оној момент кога сте изложени на сонце.

🔴

🔴

Свирче
Задолжително во сите трки.

Свирчето од ранецот е дозволено ако истото функционира.

Зошто е потребно / препорачано?
Свирчето е потребно за да се побара помош, но и да се олесни потрагата во итни ситуации.

🔴

🔴

Патики за планинско трчање и чорапи
Тие мора да ја покријат целата нога. Сандали не се дозволени.

Зошто е потребно / препорачано?
Неопходно е да се земе во предвид дека во многу делови на трката патеката е техничка и камена, факт што е од суштинско значење да се користи патики за планинско трчање кои го штитат ЦЕЛОТО стапалото од удари и рани, но исто така тие треба да обезбедат добро триење (грип) со подлогата.

Исто така важно е да се забележи дека поголемиот дел од патеките се во високата зона на Н.П. Галичица, каде што може да биде многу студено (особено ноќе), па затоа е неопходно нозете да се изолираат добро користејќи добри патики за планинско трчање и чорапи, бидејќи тоа е една од областите на нашето тело каде што губиме поголема температура.

🔴

🔴

Челна ламба + резервни батерии
Задолжително во сите трки.

Челната ламба може да се носи на главата, оставајќи ги рацете слободни. Кога ја пакувате челната ламба, проверете дали работи правилно и дали батериите се целосно наполнети. Проверете дали е исклучена и заклучена кога е во внатрешноста на вашиот ранец, за да бидете сигурни дека таа функционира правилно кога е потребно.

Зошто е потребно / препорачано?
Ламбата може случајно да се вклучи во внатрешноста на ранецот или со неправилно ракување. Ако ова помине незабележано од тркачот, непотребната работа на светилката може да ги исцеди батериите. За таа цел извадете ги батериите од светилката и вратете ги во светилката кога е тоа неопходно.
Затоа е задолжително да носите резервен комплет батерии или резервна ламба што работи правилно и со целосно наполнети батерии.
Исто така мора да се има на ум дека, во случајот на трката од 60к, ламбата мора задолжително да се користи помеѓу 19:00 и полноќ, кога официјално се означува крај на трката.

🔴

🔵

Непропустлива водоотпорна јакна со качулка
Таа може да биде неопходна во кој било дел од трката, во одреден период од денот или во текот на целата трка, во зависност од временските услови.
Задолжително во сите трки но во трката од 30k може да не биде задолжително во зависност од времето.

Јакната мора да биде со непропустлива изолациона мембрана како Gore-Tex, Clima Pro, Water Prof, MemBrain, H2O, Hyvent или слични модели со запечатени (залепени) шевови. Јакната не смее да има делови од ткаенина кои не ве штитат од надворешни влијанија, но се прифаќаат отвори за проветрување (под раката, преку задниот дел), кои не влијаат на водоотпорноста на облеката.
ВОДОНЕПРОПУСТЛИВОСТ: Најмалку 10.000 mm Schmerber water column(*)
ДИШЛИВОСТ: RET еднакво или помало од 13; или MTVR еднакво или поголемо од 5.000(*)
(*) За вредностите на вашата јакна ви препорачуваме да се консултирате со вашиот продавач/бренд.

Доколку поседувате непропустлива јакна за време на трката, нема да биде потребно да носите дополнителна јакна која ќе ве штити само од ветрот.

Зошто е потребно / препорачано?
Непропустливата јакна со качулка може да биде задолжителна за време на целата трка или во одреден период од денот или за време на целата трка, во зависност од временската прогноза.
Зошто качулка? Главата е еден од деловите на телото со поголема загуба на топлина. Затоа мора да се заштити од дожд, ветер или студ кога е потребно.
Зошто непропустливи? Бурите и неочекуваните епизоди на дожд се многу чести на планините. Во случај вашето тело да биде изложено на влага во подолг период од денот, вие може да се соочите со сериозни здравствени проблеми.

🔴

🔴

Чашка за течности
Задолжително на сите трки.
Може да биде било каква гумена, пластична чашка, бидон или шише кое може да се користи како сад за течност на освежителните точки.

Зошто е задолжително / препорачано?
Поради заштита на природната средина, организаторот нема да овозможи пластични/хартиени чашки на освежителните станици.

🔴

🔴

Садови за течност и/или хидратационен ранец
Задолжително на сите трки.

Тие можат да бидат пластични шишиња, бидони, меури со цефка или комбинација од сето. Во секој случај, тркачите мора да можат да носат најмалку 1 литар течност.

🔴

🔴

Ранец
Соодветна големина за опремата/облеката и темпото на тркачот.

🔴

🔵

Енергетска (висококалорича) храна
Енергетски барови, житни барви, гелови, суво овошје, мед...

Зошто е задолжително / препорачано?
Иако ќе има доволно храна и намирници на освежителните сатници, препорачуваме учесниците секогаш да имаат со себе резерва од висококалорчна храна за секој случај.
На сите освежителни станици ќе има вода, сокови и електролити. Сепак, препорачувме секој тркач да има резерва од вода и електролити (двојно повеќе од минималната - 2 литри) за да ги успешно пребродат растојанијата меѓу станиците особено доколку времето е невообичаено жешко.

🔴

🔴

Мал сет за прва помош
Со работи потребни за третирање плускавци, мали исеченици и гребнатинки - безопасна игла, ханзапласт, еластичен самолеплив завој (лента) и слично.

🔴

🔴

Јакна ветровка
Јакната која ве штити од ветерот треба да го покрие горниот дел од телото (вклучувајќи ги и рацете), а нејзината функција е да ве заштити од ветерот.
Качулката не е задолжителна, но се препорачува.

Зошто е потребно / препорачано?
Оваа јакна е минимум потребна за да го заштити тркачот од случај на пад на температурата предизвикана од ветрот, оваа појава е типична за највисоките делови од трката, дури и во денови кога временските услови се одлични.
Јакната која ве штити од ветрот не нуди соодветна заштита од студ или дожд. Во зависност од временските услови или во одреден дел од трката, може да биде задолжително да се носи опрема која нуди супериорна заштита, како што е непропустливата јакна со качулка.
Во случај, ако тркачот носи непропустлива јакна со качулка, тој / таа ќе биде ослободен од носење на јакна која треба да ве штити од ветер.

🔵

🔵

Термо облека - полар
Ова парче облека може да биде неопходен дел од опремата за двете трки, во одреден период од денот или за време на целата трка, во зависност од временските услови.

Облеката за топлинска изолација мора да го покрива горниот дел од телото, вклучително и рацете се до рачниот зглоб. Таа има функција да помогне да го згрее телото и да ја оддржува телесната температура на ниски температури.
Ова парче техничка облека, познато како полар, може да биде помеѓу 150 и 300 g во форма на блузон или јакна. Треба да е изработена од полиестерни влакна, мерино волна или мешавина од модерни материјали (полиестер, акрил, најлон итн.).
Памукот не е дозволен!!!!

Зошто е потребно / препорачано?
Термо облеката може да биде задолжителна за време на целата трка или во одреден дел од денот, во зависност од временската прогноза.
Имајте на ум дека екстремните температурни осцилации се чести во планините, и истите тешко се предвидуваат.
Исто така, постојат многу ситуации кои можат да го принудат тркачот да го забави неговото темпо, па дури и да застане за време на трката. Овие ситуации, како што се: повреда, истоштеност, помагање на тркач и тн. може да предизвикаат брзо паѓање на температурата на телото пред да пристигнете до најблиската станица за помош или додека чекате за помош.

🔵

🔵

Панталони (Водоотпорни)
Тие можат да бидат задолжителни во кој било трка, во одреден период од денот или во текот на целата трка, во зависност од временските услови.

Тие мора да бидат целосно непропустливи (најмалку 10.000 mm Schmerber water column), се препорачува овие пантолони да дишат, иако ова не е задолжително.

Зошто се потребни / препорачани?
Панталоните или хеланките не се корисни кога се влажни или во случај на силен ветер.
Затоа, во зависност од временската прогноза, водоотпорните панталони може да бидат неопходни во одреден период од денот или во текот на целиот настан.

🔵

🔵

Хеланки за трчање / Летни панталони за планинарење
Ова парче облека може да биде задолжителен дел од опремата за двете трки, во одреден период од денот или за време на целата трка, во зависност од временските услови.

Тие можат да бидат и до под колена (3/4) доколку се комбинирани со компресиони чорапи така што ќе ја покриваат целата нога, без да го оставаат коленото голо.

Зошто е задолжително / препорачано?
Хеланките или панталоните (кои целосно ги покриваат нозете) може да бидат неопходни во одреден период од денот или во текот на целиот настан во зависност од временската прогноза.
Имајте на ум дека екстремните температурни осцилации се чести во планините, и истите тешко се предвидуваат.
Исто така, постојат многу ситуации кои можат да го принудат тркачот да го забави неговото темпо, па дури и да застане за време на трката. Овие ситуации, како што се: повреда, истоштеност, помагање на тркач и тн., Може да предизвикаат брзо паѓање на температурата на телото пред да пристигнете до најблиската станица за помош или додека чекате за помош.
Водоотпорните панталони не ја отфрлаат обврската да се носат хеланки/панталони.

🔵

🔵

Топла капа
Таа може да биде задолжителна во која било трка, во одреден период од денот или во текот на целата трка, во зависност од временските услови.

Нејзината функција е да ја чува главата топла и да ја заштити од студот.

Зошто е задолжително / препорачано?
Главата е дел од телото кое оддава голема топлина. Затоа, топла капа и термо тубуларна марама (бандана) може да биде неопходно парче опрема во одреден период од денот или во текот на целиот настан во зависност од временската прогноза.
Банданата (тубуларна марама) не ја отфрла обврската да се носи топла капа, бидејќи само бандана не е доволна да ја чува главата топла.

🔵

🔵

Капче со стреа или Бандана (тубуларна марама)
Таа може да биде задолжителна во која било трка, во одреден период од денот или во текот на целата трка, во зависност од временските услови.
Мора целосно да ја покрива главата.

Зошто е задолжително / препорачано?
Ја штити главата од сонце, УВ зрачење и топлотен удар.
Исто така, помага да се спречи загуба на топлина при умерен студ и ветер.

Носењето на топла капа не ја отфрла обврската тркачот да поседува капче или бандана (тубуларна марама) бидејќи топлата капа не штити од сонце.

🔵

🔵

Ракавици
Тие може да бидат задолжителни во кој било трка, во одреден период од денот или во текот на целата трка, во зависност од временските услови.
Тие мора да ги покриваат дланките (вклучително и прстите).
Препорачуваме да се изработени од непропустлив материјал.

Зошто е задолжително / препорачано?
Екстремитетите, рацете особено, лесно и брзо можат да станат ладни.
Поради оваа причина, ракавиците се неопходни во одреден период од денот или во текот на целиот настан во зависност од временската прогноза.

🔵

🔵

Заштитна крема или лосион
Целосна заштита од сончеви зраци (50 SPF).

🔵

🔵

Електролити и/или минерални соли

Зошто е задолжително / препорачано?
Електролитите како натриум, калиум, магнезиум, калциум и хлор ги развиваат физиолошките функции на организмот, така што тркачите мора да ги надоместуваат заедно со течноста која ја губат за време на трките во планинско трчање. Особено натриумот кој е многу важен за спортистите и кој има значајна улога во контролата на жедта и ретенцијата на течности во организмот.

🔵

🔵

Наочари за сонце
Препорачуваме да бидат со Кат. 2 или 3 пластични стакла.

🔵

🔵

Планинарски стапчиња
Употребата на планинарски стапчиња е препорачана и ако учесникот одлучи да ги користи мора да ги има со себе за време на целата трка.

🔵

🔵