Опис

Oхрид Треил 60к е еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање со должина од 60 километри и висинска разлика од 3,140 метри. Трката се одвива низ Националниот парк „Галичица“ – од Св.Наум до градот Охрид – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.

Стартот е предвиден на 25.05.2019 во 8 часот од манастирскиот комплекс Св. Наум до селото Љубаништа.

Овде прочитај појќе на охридски ак не те мрзит

Оваја планинска трка за прв пат ќе се одржит во 2019-та година на 25ти Мај на Галичица, от Охридска ст’рна. Taja е 60км долга и на нејзе ќе качиме дури 3,140 висински метри. Трката е влезена во годишниот календар на ITRA и според правилата на оваја Асоцијација, трката носит 4 поени.

Стартот на трката е од Манастирот Св.Ном (Х век). На самиот почеток ќе трчаме близу границата со Р. Албанија и изворите на реката Црни Дрим, еден од природните споменици во Н.П. Галичица. Овај дел од п’теката се до с.Љубаништа е доста лесен и рамен, и се трча на комбинирана подлога.

E сетне почвит најубајот и најтежок дел од трката во кој требит да ги искачите трите највисоки врва во паркон – Кота Ф10, Магаро и Лакосигној. Оваја п’тека врвит во строго заштитена зона, под патронат на УНЕСКО, со ептен чиста ава насушно потребна за онје од метрополана со опуљ на двете езера кој Горнион ни ги дал!

Како шо ќе ги качвите овие врвови ќе си спомените и на Првата Светска Војна, зш п’теката врвит близу ровој и пешчери од то време дамнешно. Во овај дел од Магаро до Бугарска чука ќе бидите доста внимателни на спуштање. Прво структурата на оваа планина е варовничка, а то подразбират дека п’теките се со многу камења (со остри шкрилци), на некој делој стрми и лизгави.

Е, зато во моментот ко ќе го помините Студино, па се дур не дојте до изворот Летница ќе уживате по рамен и мек терен кој врвит низ неколку карсни полиња, широки пасишта со многу прашина, алпска трева или кал зависно од временските прилики и неприлики. Овај дел од паркот е познат по големиот број на Пеперутки, Влекачи, Птици, Пајаци и Инсекти и зато ќе требит да внимавате каде газите!

Од изворот Летница па се до превојот Крстец ќе си трчате по див терен к’ј шо немат пешачка п’тека, ама з’то имат висока трева, камења и змича. Овде малу ќе се помачите, ама з’то ќе уживате во убајната на Охрид и езерото, како и прекрасниот залез на Сонцето. И ко за крај ќе си пукните од м’ка, зш ќе завршите во градот на Светлината, Писменоста, град кој е еден од ретките (24-те) во светот шо се клаени под капата на УНЕСКО (сеуште), како природно и културно богатство шо му припаѓат на светон, градон кој е наречен Охрид, нашион најубав.

Рокови и цени за пријавување

ПРВ РОК

ден 1,800

стартниназавршен

РЕДОВЕН РОКза пријавување

ден 2,400

стартнина01 март – 19 мај
ПРИЈАВИ СЕ!

ВНИМАНИЕ! ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗАВРШУВА НА 19.05.2019 во 23:59ч!

ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ
Секој учесник мора да ја преземе, испечати и своерачно да ја потпише ИЗЈАВАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ и да ја донесе потпишана при подигнувањето на стартниот пакет.

Стартниот пакет вклучува:

  • Брендирана платнена торба.
  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот.
  • Дроп бег ќеса со налепница-број истоветен со стартниот број.
  • Храна и пијалоци на сите контролни точки во текот на трката.
  • Превоз до Стартот (опционално).
  • Храна на целта.
  • Финишерски медал.
  • Финишерски оброк.
  • Онлајн финишерска диплома.
  • Подароци од партнерите на трката.
  • Охрид Треил брендиран подарок од организаторот (маица).
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо.

Технички информации

Старт25.05.2019 во 08:00
Цел25.05.2019 во 23:30
Вкупна должина59.5 км
Вкупно искачување+3,140 метри
Асфалт8%
Макадам20%
Планинарска патека72%
Освежителни станици3 + цел
Време на прво машко7 часа
Време на прво женско9 часа

Мапа

Висински профил и растојанија

ДелницаРастојание (км)Искачување (м)Спуштање (м)Кумулативно искачување (м)Кумулативно спуштање (м)
Св.Наум (Старт) - Попова чешма10.0+618-84+618-84
Попов чешма - Кота Ф105.8+1,028-12+1,646-96
Кота Ф10 - Липова ливада6.1+173-505+1,819-601
Липова ливада - Лако Сигној2.1+419-359+2,238-960
Лако Сигној - Асан Џура11.4+508-1,020+2,746-1,980
Асан Џура - Летница10.0+95-135+2,841-2,115
Летница - Крстец5.0+269-144+3,110-2,259
Крстец - Велестово3.00-481+3,110-2,740
Велестово - Плоштад Охрид (Цел)6.1+30-400+3,140-3,140
Делница 
СВ.НАУМ (СТАРТ) - ПОПОВА ЧЕШМА
Растојание (км)10.0
Искачување (м)+618
Спуштање (м)-84
Кумулативно искачување (м)+618
Кумулативно спуштање (м)-84
ПОПОВА ЧЕШМА - КОТА Ф10
Растојание (км)5.8
Искачување (м)+1,028
Спуштање (м)-12
Кумулативно искачување (м)+1,646
Кумулативно спуштање (м)-96
КОТА Ф10 - ЛИПОВА ЛИВАДА
Растојание (км)6.1
Искачување (м)+173
Спуштање (м)-505
Кумулативно искачување (м)+1,819
Кумулативно спуштање (м)-601
ЛИПОВА ЛИВАДА - ЛАКО СИГНОЈ
Растојание (км)2.1
Искачување (м)+419
Спуштање (м)-359
Кумулативно искачување (м)+2,238
Кумулативно спуштање (м)-960
ЛАКО СИГНОЈ - АСАН ЏУРА
Растојание (км)11.4
Искачување (м)+508
Спуштање (м)-1,020
Кумулативно искачување (м)+2,746
Кумулативно спуштање (м)-1,980
АСАН ЏУРА - ЛЕТНИЦА
Растојание (км)10.0
Искачување (м)+95
Спуштање (м)-135
Кумулативно искачување (м)+2,841
Кумулативно спуштање (м)-2,115
ЛЕТНИЦА - КРСТЕЦ
Растојание (км)5.0
Искачување (м)+269
Спуштање (м)-144
Кумулативно искачување (м)+3,110
Кумулативно спуштање (м)-2,259
КРСТЕЦ - ВЕЛЕСТОВО
Растојание (км)3.0
Искачување (м)0
Спуштање (м)-481
Кумулативно искачување (м)+3,110
Кумулативно спуштање (м)-2,740
ВЕЛЕСТОВО - ПЛОШТАД ОХРИД (ЦЕЛ)
Растојание (км)6.1
Искачување (м)+30
Спуштање (м)-400
Кумулативно искачување (м)+3,140
Кумулативно спуштање (м)-3,140

Контролни точки и освежителни станици

ТочкаКмНадморска висина (м)Временско ограничувањеОпременостМожност за откажување
Св. Наум070008:00водаСтарт
Попова чешма10.01,247вода / сок / храна-
Кота Ф1015.82,265--
Липова ливада21.91,60013:30вода / сок / хранаДа
Лако Сигној24.01,984--
Асан Џура35.41,472вода / сок / хранаНе
Летница45.41,415--
Крстец50.41,550--
Велестово53.41,010вода / сок / хранаДа
Плоштад Охрид59.570023:00-Цел
Точка 
СВ.НАУМ
Км0
Надморска висина (м)700
Временско ограничување08:00
Опременоствода
Можност за откажувањеСтарт
ПОПОВА ЧЕШМА
Км10.0
Надморска висина (м)1,247
Временско ограничување
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеНе
КОТА Ф10
Км15.8
Надморска висина (м)2,265
Временско ограничување
Опременост-
Можност за откажување-
ЛИПОВА ЛИВАДА
Км21.9
Надморска висина (м)1,600
Временско ограничување13:30
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеДа
ЛАКО СИГНОЈ
Км24.0
Надморска висина (м)1,984
Временско ограничување-
Опременост-
Можност за откажувањеНе
АСАН ЏУРА
Км35.4
Надморска висина (м)1,472
Временско ограничување-
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеНе
ЛЕТНИЦА
Км45.4
Надморска висина (м)1,415
Временско ограничување-
Опременост-
Можност за откажување-
КРСТЕЦ
Км50.4
Надморска висина (м)1,550
Временско ограничување-
Опременост-
Можност за откажување-
ВЕЛЕСТОВО
Км53.4
Надморска висина (м)1,010
Временско ограничување-
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеДа
ПЛОШТАД ОХРИД
Км59.5
Надморска висина (м)700
Временско ограничување23:00
Опременост-
Можност за откажувањеЦЕЛ