Опис

Oхрид Треил 35к е еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање со должина од 34.9 километри и висинска разлика од 1,470 метри. Трката се одвива низ Националниот парк „Галичица“ – од с.Елшани до градот Охрид – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.

Стартот е предвиден на 25.05.2019 во 10 часот од раскрсницата на регионалниот пат Охрид – Св.Наум (во близина на кампот Елешец).

Овде прочитај појќе на охридски ак не те мрзит

На самиот почеток ќе трчаме по асфалт до селскиот извор – чешма во с.Елшани, а после ќе трчаме по стрмна планинарска п’тека до раскрсницата од големата трка, шо се наџвит на 200 висински метри под врвот Бугарска чука. Овај дел од п’теката не е лесен зш цело време од стартот, па до раскрсницата под врвот Бугарска чука ќе трчате или пешачите по стрмна п’тека која на почеток се движит низ шумски дел, а после на каменест терен кој е ронлив, нестабилен и лизгав, но тука ќе уживате во убајните на Охридското езеро. Како шо ќе се качвите кон врвот Бугарска чука ќе си спомените и на Првата Светска Војна, зш п’теката врвит близу врвот на кој биле стационирани Бугарите во то време дамнешно.

Е, з’то во моментот ко ќе го замините Студино, па се дур не дојте до изворот Летница ќе уживате по рамен и мек терен кој врвит низ неколку карсни полиња, широки пасишта со многу прашина, алпска трева или кал зависно од временските прилики и неприлики. Овај дел од паркот е познат по големиот број на Пеперутки, Влекачи, Птици, Пајаци и Инсекти и з’то ќе требит да внимавате каде газите!

Од изворот Летница па се до превојот Крстец ќе си трчате по див терен кј шо немат пешачка патека, ама з’то имат висока трева, камења и змиишта. Овде малу ќе се помачите, ама з’то ќе уживате во убајната на Охрид и езерото, како и прекрасниот залез на Сонцето. И ко за крај ќе си пукните од м’ка, зш ќе завршите во градот на Светлината, Писменоста, град кој е еден од ретките (24-те) во светот шо се клаени под капата на УНЕСКО (сеуште), како природно и културно богатство шо му припаѓат на светон, градон кој е наречен Охрид, нашион најубав.

Рокови и цени за пријавување

ПРВ РОК

ден 1,000

стартниназавршен

РЕДОВЕН РОКMost Popular

ден 1,500

стартнина01 март – 19 мај
ПРИЈАВИ СЕ!

ВНИМАНИЕ! ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗАВРШУВА НА 19.05.2019 во 23:59ч!

ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ
Секој учесник мора да ја преземе, испечати и своерачно да ја потпише ИЗЈАВАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ и да ја донесе потпишана при подигнувањето на стартниот пакет.

Стартниот пакет вклучува:

  • Брендирана платнена торба.
  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот.
  • Дроп бег ќеса со налепница-број истоветен со стартниот број.
  • Храна и пијалоци на сите контролни точки во текот на трката.
  • Превоз до Стартот (опционално).
  • Храна на целта.
  • Финишерски медал.
  • Финишерски оброк.
  • Онлајн финишерска диплома.
  • Подароци од партнерите на трката.
  • Охрид Треил брендиран подарок од организаторот (маица).
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо.

Технички информации

Старт25.05.2019 во 10:00
Цел25.05.2019 во 19:00
Вкупна должина35 км
Вкупно искачување1,470 метри
Асфалт8%
Макадам20%
Планинарска патека72%
Освежителни станици2 + цел
Време на прво машко4 часа
Време на прво женско5 часа

Мапа

Висински профил и растојанија

ДелницаРастојание (км)Искачување (м)Спуштање (м)Кумулативно искачување (м)Кумулативно спуштање (м)
Камп Елешец (Старт) - Асан Џура10.8+1,078-304+1,078-304
Асан Џура - Летница10.0+95-135+1,173-439
Летница - Крстец5.0+203-6+1,376-445
Крстец - Велестово3.0+67-628+1,443-1,073
Велестово - Охрид6.1+27-397+1,470-1,470
Делница 
КАМП ЕЛЕШЕЦ (СТАРТ)- АСАН ЏУРА
Растојание (км)10.8
Искачување (м)+1,078
Спуштање (м)-304
Кумулативно искачување (м)+1,078
Кумулативно спуштање (м)-304
АСАН ЏУРА - ЛЕТНИЦА
Растојание (км)10.0
Искачување (м)+95
Спуштање (м)-135
Кумулативно искачување (м)+1,173
Кумулативно спуштање (м)-439
ЛЕТНИЦА - КРСТЕЦ
Растојание (км)5.0
Искачување (м)+203
Спуштање (м)-6
Кумулативно искачување (м)+1,376
Кумулативно спуштање (м)-445
КРСТЕЦ - ВЕЛЕСТОВО
Растојание (км)3.0
Искачување (м)+67
Спуштање (м)-628
Кумулативно искачување (м)+1,443
Кумулативно спуштање (м)-1,073
ВЕЛЕСТОВО - ОХРИД
Растојание (км)6.1
Искачување (м)+27
Спуштање (м)-397
Кумулативно искачување (м)+1,470
Кумулативно спуштање (м)-1,470

Контролни точки и освежителни станици

ТочкаКмНадморска висина (м)Временско ограничувањеОпременостМожност за откажување
Елешец070010:00водаСтарт
Асан Џура10.81,472вода / сок / хранаНе
Летница20.81,415--
Крстец25.81,550--
Велестово28.81,010вода / сок / хранаДа
Плоштад Охрид34.970019:00-Цел
Точка 
ЕЛЕШЕЦ
Км0
Надморска висина (м)700
Временско ограничување10:00
Опременоствода
Можност за откажувањеСтарт
Асан Џура
Км10.8
Надморска висина (м)1,472
Временско ограничување
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеНе
ЛЕТНИЦА
Км20.8
Надморска висина (м)1,415
Временско ограничување
Опременост-
Можност за откажување-
КРСТЕЦ
Км25.8
Надморска висина (м)1,550
Временско ограничување
Опременост-
Можност за откажување-
ВЕЛЕСТОВО
Км28.8
Надморска висина (м)1,010
Временско ограничување
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеДа
Плоштад Охрид
Км34.9
Надморска висина (м)700
Временско ограничување19:00
Опременоствода / сок / храна
Можност за откажувањеЦел