Охрид бисерон Балкански

Бисерон кој ќе го носиш близу твоено срце

Слушни вамо, дан сакаш да дознајш една тајна? Познавам едно место во кое имат дел од Рајон. Го викет Охрид. То е убајна од место кое удобно се вгнездило на езерскион брег од дамнина. Мојт ќе слушниш по светон разни приказни за Балканскион Ерусалим, раскажани од импресионираните посетители на Охрид.

Со то шо ќе дојдиш Охрид, ќе бидиш импресиониран и то како од разноликоста на приказните така од богатството на природана. Овај мал град во себе збрал античка, средновековна, отоманската и модерна историја. Тој е еден од најстарите населени места од страна на човекот во Европа со археолошки наоѓалишта од Неолитот кај Заливон на коските. Античкиот град Лихнид бил поставен во самиот центар на денешниот Охрид во Варошон и при твојата прошетка наоколу ќе искусиш невообичаени историски слоеви. Охриѓани често велет дека Охрид е жив споменик и со својте 365 цркви малу е веројатно дека грешет.

Природана, ах таја природа! Охридсконо езеро е едно од најстарите и најголеми во Европа, познато по импресивноно богатство со ендемски видој. Големото пространство со проѕирна вода му дават на Охрид незаменлив бајковит пејзаж. Вклопена во овој пејзаж е планината Галичица која нуди активности како параглајдерство, планински велосипедизам и планинарење.

Волшебното езеро се поврза со ѕвездите на небото кога по него беше именувано езерото Охрид Лакус на Титан, најголемата месечина на Сатурн.

Доколку би го посетил ова место налето, помини некое време правејќи ништо додека се излежаваш на некоја од плажине, разладувајќи се со ладно пиво и мезејќи тазе спремена плашица.

Ако изборот ти е Охрид на зима, помини си го времето пиејќи салеп зјапајќи во езероно низ прозорец од некоја традиционална куќа во Варошон. Охриѓани секогаш со големо задоволство ќе ти зборвет за безброј легенди и приказни за овој град од бајките.

Злата Голабоска