Национален парк Галичица

Љуѓето одсекогаш трчале по планиниве, за да патувет побрзо, да пренесвет новости, за свој ќејф, з’ш можда така требит… Во суштина, толку ногу различни мотиви постоет колку шо имат потенцијални тркачи. Санкир, ко да беше оломлани ко трчањено по планина почна да се развиват во компетитивен спорт, а ево денес ногу љуѓе го љубет се појќе и појќе. А сето то доста влијајт врз планинските предели, некој од ними богами се веќе заштитени во форма на Национални паркој, Природни резервати, Зони од национален интерес и сл.

Како и да е, немат сомнеж дека секоја активност во природа остават свој траг и предизвиквит одредени пречки во природнине текој. Ево зато, сите љуѓе кој шо уживет во природата морат да се стремет кун намалвење на човековоно влијание. Од овије причини Националниот парк „Галичица“ барат од сите учесници на трката Охрид Треил изричито да се придржавет кун неколку основни правила за време на нивнион престој во Паркон:

  • Секош, без искључок, низ цела Галичица, морат да се движите по востановената п’тека. Ова помагат п’текине да се зачувет во уба состојба, а истовремено се минимализират ерозијата на земја која настанвит од праењето кратенки.
  • Осигурајте се по внесвењето на храна и пијалаци во паркот, сето ѓубре од паковки и амбалажа обавезно да го клајте назад в ранец или в џеб. Планинските п’теки не се место за да фрљат пластика, хартија или друг отпадок.
  • Најбитно е да ја остајте природаtа почиста одошто ја најдвите. Ако негде видите да имат ѓубриња, отпадоци – напрајте себап и зејте го со вас и фрлите го во најблиската канта, домави или пак ако толку ви тежит/сметат остајте го на контролна точка.
  • По п’т мојте да наидате на стада со домашни животни како: крави, кози, овци, коњи, не туку се плашите, ако ве пулет во недоверба. Пазите само дан ги вознемирвите, подзаприте малу, не галите ги, и останите прикладно оддалечени од ними.
  • Често стадата ги пратет овчарски песој кој шо ги чувет и штитет од мечки, волци, диви свињи и туристи. Во такви случаи, најубо е да го заобиколите стадото – не го сечите по средина, а воколку песојте почнет да идет кон кај вас, без страв дозволите му да ве помирисет за да сватет дека не сте му закана, и тек тогаш замини движејќи се бавно и без многу вревење.
  • Дивите животни најчесто ги избегавет љуѓето. Ама пак ако по некоја случајнос на п’т се сретните очи в очи со некоја дива свина, мечка, елен или шо-годе, препорачливо е сместа и полека да се повлечите на безбедна далечина и да остајте простор животното да мојт да избегат. Како не би предизвикале одбранбена реакција. Никогаш не му се приближавајте на дивите животни!
  • Планините се место за соживот. Кога ќе сретните некој љуѓе, небитно дали познати или непознати, подзастаните малу и поздравете се. Не сте Скопје, во фркине и не сте на ура. Напрајте си два редој муабет и ако имат нешо шо требит да знает кажете им или прашајте ако не знајте.
  • Движењето на телто ги придвижвит и цревата. Доколку имате потреба да се олесните…тргните се потака вон патекана, ископајте си мала дупка со стапалото или рака, извршете нужда прецизно, а сетне закопајте го изметот и тоалетнана со земја, лисја и камења.
  • Не бидите зацопани ко утој в земја, одвреме-навреме кренете ја глата угоре и опулете се да разгледвите наоколу шо убајна од природа ве опкружвит. Уживајте, за то сте дојдени! Да ја запознајте и  да се вљубување во природата се првите чекори шо ќе ве натерет да ја почитвите и пазите.
  • Од пријателите и фамилијата шо се мувет наоколу, и глумет поддршка за тркачите исто така очеквиме да бидет целосно свесни за природата, да ја почитувет и заштитвет. Колите ќе ги паркирајте само к’ј шо е обележано и за та намена, не на трева, не пред влезој, не фрљајте ѓубре, не вревите наоколу и не нарушвите ја приватноста на други. Убај љуѓе сте, ама ова за да си знајте како требит.