fbpx

Летница Треил 18К

ПОЧИТУВАН СПОРТИСТУ,

Здружението за спортови во природа ТРЕКС Скопје и Асоцијацијата за спорт "Спорт за Сите - Сите за спорт" Охрид – организатори на второто издание на "Охрид Ултра-Треил®", делумно полу-автономна, планинска трка во природна средина, која се одржува од 22-24 мај 2020,

ТИ ПОСАКУВА ДОБРЕДОЈДЕ НА Охрид Ултра-Треил® 2020!

Пријавувањето се врши исклучиво онлајн со пополнување на формуларот подолу во прилог, и по успешното пополнување на пријавата за една од трките ќе добиеш автоматски генерирана потврда на e-mail адресата наведена во пријавата.

Пријавувањето ќе се смета за комплетирано само по успешно извршено плаќање на стартнината за трката, по што ќе добиеш автоматски генерирана потврда на e-mail адресата наведена во твојата пријава. Истовремено, автоматски ти се доделува стартен број.

Пријавата ќе се смета за неважечка доколку плаќањето не се изврши во наведениот рок.

Пополни ги следните полиња со точни податоци:

Полињата означени со (*) се задолжителни!

Лични податоци
Информации за контакт
Информации околу трката

ЗДРАВСТВЕНА ЗАБЕЛЕШКА

Лекарско уверение за да се учествува на една од трките не е потребно. Меѓутоа, за нивно добро, организаторот ги поттикнува сите спортисти да се стекнат со лекарско уверение кое докажува дека се способни за спортски тренинг и натпревари. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете да се бавите со напорни физички активности. Исто така препорачани се редовни годишни прегледи кај лекар-специјалист по спортска медицина за одредување на индивудуалните способнисти за спорт (екг, спирометрија, стрес-тест).

СОГЛАСНОСТ

Со доброволното пријавување, учесникот потврдува дека правилата, прописите, процедурите и обврските се обврзувачки за време на натпреварот. Овие прописи служат за да го направат натпреварот еднаков за сите учесници и не може да се оспорат на суд. Нивното прифаќање и примена е обврзувачко за да се учествува на настанот. Секој учесник е одговорен за техничката исправност на неговата/нејзината опрема и мора да се погрижи дека се рамките на правилата. Организаторот не презема никаква одговорност при несреќен случај – незгода, лична повреда или материјална штета, кражба или други вид штети!




Потребна ти е помош? Имаш проблеми со пријавувањето или плаќањето?

Пиши ни e-mail на ohridtrail@gmail.com или прати ни порака на facebook.com/ohridtrail

Јави ни се на 071 246 423 (пон.-пет. 09-17ч.)

GOLD SPONSORS
PONT
SILVER SPONSORS
BRONZE SPONSORS
SUPPORTERS
MEDIA PARTNERS
PARTNER RACES
RACE FRIENDS
© 2019 Ohrid Ultra-Trail®
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram