fbpx
Правила и прописи пдф
18-19-20 СЕПТ 2020
Меѓународен настан
3 стартови
8 освежителни станици
12 контролни точки
80 волонтери
500 учесници макс.
UTMB® поени

Правила и прописи

Правила и прописите се надоврзуваат на етичкиот кодекс на ИТРА кој служи да го направи натпреварот безбеден, фер и еднаков за сите учесници. Охрид Ултра-Треил е меѓународно призната трка која ги применува критериумите и стандардите во планинските трки воспоставени од ИТРА.

Ова, меѓудругото, значи дека патеките се исчистени од вегетација и на секои 30 метри во просек има поставено маркација; на секои 10км има соодветно опремени освежителни станици; а планинско-спасителни тимови и медицинска лица се распределени низ целата трка.

Изјава за одговорност

Со доброволното пријавување, учесникот потврдува дека правилата, прописите, процедурите и обврските се обврзувачки за време на натпреварот. Овие прописи служат за да го направат натпреварот еднаков за сите учесници и не може да се оспорат на суд. Нивното прифаќање и примена е обврзувачко за да се учествува на настанот. Секој учесник е одговорен за техничката исправност на неговата/нејзината опрема и мора да се погрижи дека се во рамките на правилата. Организаторот не презема никаква одговорност при несреќен случај – незгода, лична повреда или материјална штета, кражба или други вид штети!

Етички кодекс
Задолжителна опрема
107км
66км
18км
Ранец за трчање
Мобилен телефон со полна батерија и активиран роаминг
Шишиња за вода или мешина - 1 литар мин.
Стартен БИБ број јасно видливо закачен напред на телото
Патики за планинско трчање
Астро фолија
Водоотпорна јакна - наменета за во планински спортови
Чашка од 150 мл. мин.
Челна ламба со резервни батерии
Сет за прва помош (еластичен завој, ханзапласт)
Маица или полар со долги ракави
Капа/марама и ракавици
Висококалорична храна, енергетски плочки, гелови
Планинарски стапчиња

Правила на однесување во Националниот Парк

Несомнено е дека секоја активност во природа остава свој траг и предизвикува пречки во природниот тек. Токму затоа сите кои што уживаат во природата мора да се стремат кон намалување на своето влијание. Од овие причини Националниот Парк Галичица бара од сите учесници на Охрид Ултра-Треил® да се придржуваат кон неколку основни правила за време на нивниот престој во природа:
  • Секогаш движете се по обележаната патека. Ова помага патеката да остане во добра состојба, а истовремено ја намалува ерозијата на земјата која настанува како резултат на правење кратенки.
  • Осигурајте се дека сите отпадоци од храна и пијалоци по консумирањето се сместени во џебовите или ранецот. Патеката во планина не е место за пластика, хартија или друг отпадок.
  • Обидете се да ја оставите природата почиста отколку што сте ја нашле. Ако наидете на отпадок, направете добро дело и пренесете го до најблиската корпа за отпадоци.
  • Можно е да наидете на домашни животни (крави, овци, коњи) во близина на патеката кои ѕиркаат со недоверба. Потрудете се да не ги вознемирувате, забавете го темпото, држете се на далечина, не ги допирајте и галете.
  • Често стадата се придружувани од куче чувар како заштита од мечки, волци и диви кучиња. Секогаш заобиколкувајте го стадото, никогаш не минувајте по средина, ако кучето ви се приближи дозволете му да ве помириса за да свати дека не сте закана, потоа движете се бавно и на безбедна далечина.
  • Дивите животни најчесто избегнуваат контакт со луѓе. Ако по некоја случајност патеката ви се вкрсти со дива свиња, елен или било кое друго животно, препорачливо е веднаш да се повлечете на далечина од која животното ќе може да избега. За да избегнете одбранбена реакција, никако не се приближувајте кон диво животно.
  • Планините се место за соживот. Поздравете ги луѓето на кои наидувате или преупредете ги на постоечки препреки или опасности на патеката на кои сте наишле.
  • Движењето на телото ги придвижува и цревата. Доколку имате потреба од олеснување ископајте мала дупка со петата, а потоа закопајте го изметот со земја, лисја или камења.
  • Кренете го погледот од патеката за да ја разгледате околината и целосно уживајте во прекрасната природа која ве опкружува. Осознавањето и вљубувањето во природата се првите чекори за да ја почитуваме и чуваме.
  • Пријателите и семејството кои доаѓаат како поддршка за тркачите исто така треба во целост да бидат свесни за природата, да ја почитуваат и заштитуваат. Паркирајте само на обележано место, никогаш на тревна површина, не фрлајте отпадоци, не кревајте непотребна бучава и не нарушувајте нечија приватност.

Неколку пати се обидов да платам онлајн и не ми успева. Што да правам?

Ова може да значи една од следниве неколку работи: внесуваш погрешни податоци, картичката ти е истечена, во моментот немаш доволно средства на сметка. Исто така понекогаш се случува твојата банка автоматски да блокира трансакции кон странство односно кон други сервиси за плаќање. Исклучително ретко се случува веб сервисот да е недостапен (да се надградува) тогаш пробај повторно за некој час. 
Во секој случај, пиши ни на ohridtrail@gmail.com

Се повредив и нема да можам да учествувам! Дали може парите од стартнината да ми ги вратите?

Во случај на нехронична, остео-артикуларна или мускулна повреда здобиена по пријавувањето и несанирана до самата трка, и единствено во оваа ситуација докажана со медицинска документација, организаторот ќе ги префрли средствата за идното издание на Охрид Ултра-Треил®. Но исто така можеш на друг да му го препуштиш стартниот број (мора да се пријави посебно до 13.09.2020).

Не ги разбрав брановите на пријавување?

Првиот рок за пријавување (онлајн пријава и плаќање на стартнина) почнува на 10.12.2019 и трае до 31.01.2020. Во цената е вклучен попуст и брендирана маичка. Вториот редовен рок е од 01.02.2020 до 13.09.2020 по редовна цена и со вклучена маичка. 
Од 14.09.2020 до денот на трка (18-19.09.2020) не е дозволено пријавување и/или плаќање за било која трка.

Живеам надвор од Скопје и не сум во можност да дојдам навреме да го подигнам стартниот пакет. Може ли на денот на трката - пред самиот старт?

На денот на трката - пред самиот старт - не може да се подигне стартниот пакет.
Доколку не си во можност лично да го подигнеш стартниот пакет во предвидените термини - дозволено е трето лице да го подигне за тебе, но мора да го приложат Потврдниот емаил за успешно пријавување испратен до тебе и да покажат нивна лична карта/пасош (дозволено само за учесниците на трката од 18км - Летница Треил).

Учесниците на 107км и 66км мора лично да го подигнат стартниот пакет притоа прикажувајќи ја личната задолжителна опрема!

Се пријавив и платив за едната трка но во меѓувреме се предомислив - дали може да се префрлам на другата?

Префрлање од една во друга трка е дозволено најдоцна до 13.09.2020. Пиши ни на ohridtrail@gmail.com со лични податоци, на која трка си пријавен и на која трка се префрлаш.
За префрлање од подолга на пократка трка, не ја враќаме разликата во стартнината. А обратно, доколку се префрлаш од кратка на долга трка, треба да се доплати разликата од тoа што досега си платил.

Дали ќе добијам парична награда доколку победам на една од трките?

Наградите се доделуваат според дискреција на спонзорите и организаторот и според правилата на ITRA. Не-парични награди ќе им бидат доделени на првите 3 мажи и 3 жени на секоја трка. Секој учесник што ќе ја заврши трката во рамките на максимално предвиденото време ќе добие финишерски медал на целта. Наградите за најдобрите се доделуваат во недела 20.09.2020 во 12:00 часот на целта.

GOLD SPONSORS
PONT
SILVER SPONSORS
BRONZE SPONSORS
SUPPORTERS
MEDIA PARTNERS
PARTNER RACES
RACE FRIENDS
© 2019 Ohrid Ultra-Trail®
checkclosehomequestion-circlecheck-circle-oexclamation-circlecalendarglobegroupcircle-oflag-checkeredcode-forkchildstreet-view linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram