fbpx
Discover Ohrid
22-23-24 МАЈ 2020
Второ издание
3 планински трки
макс. 500 учесници
UTMB® поени
2 езера
1 Национален парк
1 УНЕСКО регион

Добредојдовте планински тркачи

Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Второто издание опфаќа 3 трки во планинско трчање и е закажан на 22-24 мај 2020 година.

Трката која е носител на настанот - Охрид Ултра-Треил® е долга 107 км со 4,940 метри искачување и учесниците ја започнуваат својата авантура на полноќ врвејќи низ сокаците со калдрма во стариот дел од Охрид, минувајќи низ неколку села во пониските делови на планината Галичица кон живописниот манастирски комплекс Св.Наум на јужната страна на брегот од Охридското Езеро.

Таму, во рана зора, во спокојот на изворите на реката Црн Дрим, им се придружуваат учесниците на втората планинска трка „Галичица Ултра“- на едно патешествие од 66 км со 3,350 метри искачување. Заедничката маршрута го следи главното било во срцето на планината и Националниот Парк Галичица и преку козји патеки и макадамски патишта открива пејсажи кон двете езера Преспанското и Охридското – кои обземаат истовремено.

Третата трка – „Летница Треил“ – стартува од селото Рамне и нуди панорамски glimpses на градот Охрид и Охридското Езеро и ги предизикува учесниците на брза трка од 18 км со 750 метри искачување. Тие, се соединуваат со останатите планински тркачи и заедно сите финишираат во Охрид покрај градскиот плоштад.

Сите трки што се дел од Охрид Ултра-Треил® се организирани според безбедносните и медицински начела на ITRA (International Trail Running Association) и сите финишери се стекнуваат со квалификациски поени за UTMB®.

Уникатна спортска арена

Охридското езеро, природен феномен од највисок ранг, е заштитен од УНЕСКО како регион со Светско природно и културно наследство, уште од 1979 година. Овозможува прибежиште на многу ендемски видови на слатководна фауна и флора кои потекнуваат од Терциерот. Градот Охрид, вгнезден на бреговите на езерото, е една од најстарите човечки наслеби во Европа.

Мисијата на Охрид Ултра-Треил® е меѓународната промоција на Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион како emblematic venue за организирање трки во планинско трчање кои привлекуваат авантуристи од целиот свет.

Преку настанот, сите пријавени учесници и јавноста се запознаваат со принципот „Не оставај траг“ за да ја почитуваат неговата важност и да го применуваат за време на трките. Веднаш зад последниот учесник, организаторот се грижи да ја остави животната средина „како што била“ претходно, потенцирајќи дека Националниот Парк Галичица е природна средина во која треба да се ужива но и која треба сите строго да ја чуваат.

Програма на настанот наскоро.

© 2019 Ohrid Ultra-Trail®
heartrepeateyecalendargroupflag-checkeredbankchildtreediamond linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram