Како да ни дојте Охрид

Ам ти будала дан си? Освен ак не живејш Варош, ич не ти се исплашчат пешки да дојш.

А з’ш да не?! Во фиљмчево то го викет ЉУБОХ

Ам шо се 200 км по најубајте планини во Маќедонијава? Опули се овде за Западнана трансверзала

Исто ти е ко со возило, само безплатно стартнина ќе добијаш.И, охриѓани знает нешо гратис да дает, не само да земеТ. То значит да го јавниш точкот од метрополана со м’глине (или повозиш тро појќе од 150км) или друго место од нашата мила Македонија, да стигниш Охрид ден-два пред трка и сето то да го докажиш со џипиес запис и фото-видео. Нишчо немат на жими мајка. Пред воопшто да ни дојш на Визита, најави ни се да те очеквиме.

Само пази дан бидиш на тркана скиснат ко палмине на Кејон.

Бон војаааж!

Ак разбирате шо пишиме овде и пак не знајте како со возило да дојте Охрид, шо да речиме појќе…

Сетне, охриѓани вакви, онакви! Се е убо кажано, напишано! Охрид мојт да се стигнит од сите страни и то преку Кичево или Ресен, можит покрај Маврово и Струга, а мојте и да дојдите и од кај Стење или Св.Наум. Р’ка насрце, си имат само еден асолен п’т кој водит до Охрид и тој п’т си имат меѓународна ознака Е-65. Ено го планирет да прераснит во Автоп’т воколку немат снемено пари за то во буџетон. Дан’ си пукните од м’ка, Охрид немојт никој од џипиесине да го футнит. То ви е најсигурно.

Паркингон се наплаштат и имат табли, убо пулите к’j си ги паркирате колите. И, кревет.

То е то. Ве очеквиме.

Најубо да ни дојте со автобус, ем немат гужви да прајте по Туристичка и да загадвите со возилана ем немат кој да се испровоцират и шрафој или кључој да иставет.

Иако ја преместија автобускана уџум, сепак си имат редовен автобуски превоз од Битола и Скопје, тро појќе од цела Европа.
Од Скопје имат автобус на секој сат и билетот кошта околу 520 денари во еден правец или 750 денари повратна (да ни дојте пак).

Опулете се тро на сајтон од Скопскана автобуска http://www.sas.com.mk/ таму ќе дознајте кога тргвит секој превозник, а Битолчани может овде да се информирет http://transkop.mk/.

Охридскана автобуска станица е на два километра од центарот на Охрид (20тина минути пешачвење). Такси од автобускана до плоштад чинит околу 120 денари, но имат ретки видој таксисти шо может да ви наплатет појќе, па со нив требит ценкање пред да влегвите во таксито. Налето, ак патувате од Охрид за Скопје најубо е билетите да ги набавите ден-два однапред. Како шо веќе знајте, во Охрид главен превозник е Галеб и нивнана билетара се наџвит в’центар до Тутунска Банка (а имат на автобускана). Билетараtа не бодет очи и немат уста да викнит, па зато опитајте си наоколу. Галеб како превозник, да ни вервите, ама немат к’ј се немат автобуски поврзано и на нивнион сајт го пишит вознион ред http://galeb.mk/.

За секој случај имајте го бројот од автобускана станица Охрид +389 (0) 46 260 339 з’ш немат сајт.

Вонградски линии

Долж булеварон Туристичка постоет неколку Автобуски постројки (градски пазар, кружен тек кај Охридска Банка, Гимназија, кружен тек кај Мини Маркет, Спортски Центар Билјанини Извори) од к’де мојте да се упатите на плажа: Ајван плажа, Прва, Втора, Трета Горица, Славија, Синдикални, Децконо, Гранит, Метропол, Лагадин, Елешец, Пешчани, Градишче, Трпејца, Љубанишча, Свети Ном….

Шест или седум пати на ден, локален автобус тргвит од Охрид до манастирон Св.Ном, па ојт до границана Тушемишта со Албанија и се врашчат назад. Во Албанија, мојте да зејте Такси на Албанска страна на 1 мин пешачење од граничнион премин и да напрајте екскурзија до Поградец (последнион автобус поминвит покрај граница и се врашчат во Охрид околу 19:20, (опитајте го шоферон за сигурно).

Охрид имат ајродром. И то меѓународен. Летој имат од појќе дестинации, најчесто сезонски ради туристине, и то од Амстердам, Белград, Брисел, Тел Авив, Цирих, Истанбул, Базел и Лондон, а сега и од Меминген, Дортмунд, Милано и Малме. Провервете појќе детали на сајтон од Охридскион ајродром „Св.Апостол Павле“ ohd.airports.com.mk

Автобуски превоз го поврзвет ајродромон со пристанишчено.

Ак нашиов не ви чинит други ајродоми во близина се:

СКОПЈЕ, Македонија      190 км  http://skp.airports.com.mk/
ПРИШТИНА, Косово       235 km  http://www.airportpristina.com/
ТИРАНА, Албанија           132 km  http://www.tirana-airport.com/
СОЛУН, Грција                  289 km  http://www.thessalonikiairport.com/
СОФИЈА, Бугарија            423 km  https://www.sofia-airport.bg/

Просто, не мојте. З’то крајезеро ноѕете да ги оптегните и со кајче да се повозите.

Беше то некош. Прочитај појќе за Ќиро.

А од дамнина луѓето си имат снимено и преубав документарен.

Вие сте ни најубај од сиве туристи шо се к’пет везеро и не го г’нсет…факт е дек однапред знајте шо ни теквит пред било шо да пишиме овде…само остајте да ви предложиме нешчо – да не ги загините на кључојте од пајнците на трката ево остајте ги к’ј нас. Неберете гајле, не сме чурук љуѓе.

Ак не ни вервите и се прајте наудрени – напрајте себап чим завршит тркана – обавезно да нè зејте со вас!

З’ш појќе не се издржвет горешчиниве!

Мапа за полесно снајдвење низ градон